Холивуд ги пишува најубавите љубовни приказни, не само измислени, туку и реални, приказната на актерот Руперт Френд (39) и спортистката Ејми Малинс (45) е една од нив.
Ејми Малинс е без фибула, поточно коска во потколеницата, па затоа и беа ампутирани двете нозе кога имаше само една година. Лекарот им рекол на нејзините родители дека нивната ќерка никогаш нема да може да оди или да живее сама. Но не беше во право, бидејќи таа не само што одеше, туку и стана успешна спортистка.
„Заради тебе, испаднав лажго“, на шега ѝ рече истиот доктор кога повторно се сретнаа. Ејми трчаше во својата младост, благодарение на тоа што доби целосна стипендија на универзитетот Џорџтаун, а во 1996 година се натпреваруваше на Параолимписките игри во Атланта.
Својата професионална спортска кариера ја заврши во 1998 година и започна нова – моделирање. Нејзината личност и убавина го воодушевија дизајнерот Александар Меквин, по што се појави на ревија на Живанши со дрвени резбани протези направени специјално за таа пригода.
Подоцна се појави и на филмското платно. Својот прв филм „Кремастер 3“ го сними во 2002 година и глумеше во шест различни ликови.

На крајот, нејзината актерска работа ја поврза со Руперт и за прв пат се состаноа во мај 2013 година. Една година подоцна, повторно во мај, Руперт ја запроси Ејми, а се венчаа на 1 мај 2016 година.
Освен младенците, на церемонијата присуствуваа само кумовите, а еден од нив беше и најдобриот пријател на Руперт.
„Се венчавме на една убава фарма. Врнеше дожд. Беше совршена венчавка. После тоа отидовме на билјард”, рече Руперт минатата година во ТВ-емисијата “Во живо со Кели”.






