Поради компликации од Ковид-19, Шабан Трстена хоспитализиран во болница

Поради компликации од Ковид-19, Шабан Трстена хоспитализиран во болница

пред 3 години

Трофејниот македонски борач Шабан Трстена е во болница поради компликации од Ковид-19. Тој од болничкиот кревет на социјалните мрежи објави дека, конечно, по четири дена критична состојба, се чувствува подобро.

„Овие четири дена бев во многу тешка состојба со мојето здравје и од оваа ситуација во моментот сум под режим и покровителство на херојски лекари, кои се 24 часа подготвени да помогнат. Благодарение на лекарите и, секако, благодарение и на Бога, од денес се чувствувам подобро и малку поудобно. Јас со мојот борбен дух се борам да го надминам овој предизвик и сум оптимист и се надевам, во име и на Бога, ќе успееме и во оваа борба и ќе го победам“, напиша Трстена на „Фејсбук“.

Трстена е носител на златен олимписки медал од Игрите во Лос Анџелес во 1984 година, како и на бронза од Игрите во Сеул четири години подоцна.

Share
Scroll to Top