Рамос: По неколку за.бани месеци морам да бидам искрен

Рамос: По неколку за.бани месеци морам да бидам искрен

пред 3 години

Серхио Рамос вели дека нема проблем со тоа што нема да биде дел од шпанската репрезентација за Европското првенство ова лето, признавајќи дека последните месеци во Реал Мадрид му биле „за.бани“.

35-годишниот Рамос не е меѓу 24-те избраници на Луис Енрике, што значи дека првпат во историјата во шпанската репрезентација нема ниту еден фудбалер на Реал Мадрид. Ветеранот признава дека не е доволно фит, откако одигра само 21 меч оваа сезона и стартуваше само два меча по операцијата на коленото во јануари.

„По неколку за.бани месеци и чудна сезона каква што не сум имал во кариерата, доаѓа Европското првенство. Работев и се борев да стигнам до 100 отсто за Реал Мадрид и репрезентацијата, но работите некогаш не одат како што ти посакуваш. Боли што нема да можам да ја претставувам Шпанија, но подобро е да се одморам, да се опоравам и да се вратам следната сезона. Секогаш треба да си искрен и реален. Поздрав до сите и Вива Еспања и Хала Мадрид!“, напиша Рамос на Инстаграм.

Share
Scroll to Top