Војниците на американската Национална гарда започнаа да го напуштаат Вашингтон во понеделникот, каде скоро пет месеци го штитеја Конгресот, по нападот на 6 јануари.
Министерот за одбрана Лојд Остин им се заблагодари на војниците и на воздухопловците што помогнале на полицијата во Капитол Хил и на локалните власти да ја зајакнат безбедноста по насилниот инцидент, пишува „Гласот на Америка“.
Пет лица, меѓу кои и еден полицаец, беа убиени во немирите на Капитол Хил на 6 јануари, за време на упадот на приврзаниците на поранешниот претседател, Доналд Трамп.
Приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата додека траеше седницата за потврда на победата на сегашниот претседател Џозеф Бајден на изборите.