(Видео) Снимката за наводната палата на Путин прегледана над 100 милиони пати

пред 3 години

Видеото со наводната „палата на Путин“ направено од уапсениот руски опозиционер Алексеј Навални е прегледано повеќе од 100 милиони пати, покажуваат податоците кои денеска ги објави компанијата „Јутјуб“.

Тимот на Навални објави видео во кое се покажа целиот сјај на палатата, која, според нивните тврдења, му припаѓа на претседателот на Русија, потсетува „Ројтерс“.

Во врска со овие обвинувања, Путин коментираше дека тој не е сопственик на палатата, ниту некој од неговото семејство.

Share
Scroll to Top