Интер надмоќно ја освоија титулата во Серија А оваа сезона, но поради лошата финансиска ситуација, клубот веројатно нема да го задржи шампионскиот состав. Медиумите тврдат дека прв клубот ќе го напушти тренерот Антонио Конте, а прв ќе го следи Ашраф Хакими.
Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, зад себе има одлична сезона, која ја заврши со седум гола и десет аисстенции.
Наводно ПСЖ биле подготвени да испратат понуда за десниот бек. Хакими, минатото лето пристигна во Интер од Реал Мадрид за 40 милиони евра.
Веројатно во Интер би ја прифатиле оваа сума за Хакими.
ПСЖ е во потрага по десен бек, Алесандро Флоренци кој ја покриваше оваа позиција ќе се врати во Рома.