Планот на Лапорта: Меси, бесплатни засилувања и нов тренер

Планот на Лапорта: Меси, бесплатни засилувања и нов тренер

пред 3 години

Многу работа и тешки предизвици го очекуваат новиот претседател на Барселона, Џоан Лапорта. Старо-новиот претседател на вчерашните избори убедливо ги порази конкурентите.

Лео Меси ќе биде првиот предизвик за Лапорта. Тој треба да го убеди најдобриот играч на Барселона да потпише нов договор. Меси гласал на изборите, а според медиумите, неговиот избор бил Лапорта.

„Се зависи од него, јас можам да ветам дека ќе добие предлог за продолжување на договорот. Парите не се најважни. Ќе му се јавам, ќе сторам се што е во моја моќ за да го убедам да остане со нас. Доколку некој друг победеше на изборите Меси сигурно ќе заминеше“, рекол Лапорта.

Лапорта ќе треба да најде пари и за нови играчи, а ќе треба и да преговара околу новите договори на Серхи Роберто и Усман Дембеле. Договорите на овие двајца фудбалери истекуваат во јуни 2022 година.

Дел од парите, Лапорта, ќе се обиде да собере со продажбите на Самуел Умтити и Филипе Кутињо.

Сепак во наредниот преоден рок не се очекува Барселона да направи некој спектакуларен трансфер. Во фокусот на клубот ќе бидат играчи кои би можеле да бидат ангажирани без обесштетување.

„Марка“, тврди дека тоа ќе бидат фудбалерите на Манчестер сити, Серхио Агуеро и Ерик Гарсија, односно Холанѓаните од Лион и Ливероул, Мемфис Депај и Жоржињо Вајналдум.

Шпанците се убедени дека Лапорта ќе инсистира и на смена на тренерот, без огледа на тоа дали Роналд Куман ќе ја освои дуплата круна или не.

Лапорта е избран за претседател на Барселона

 

Share
Scroll to Top