Кина со порака до САД: Политизирањето на потеклото на коронавирусот ја отежнува истрагата

пред 3 години

Кинеската амбасада во САД соопшти дека политизирањето на потеклото на Ковид-19 ја попречува истрагата, откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека разузнавачите во САД се поделени околу тоа од каде потекнува коронавирусот.

Додека Светската здравствена организација (СЗО) се подготвува да ја започне втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот, Кина беше под притисок да им овозможи на меѓународните истражувачи поголем пристап, и тоа во услови кога постојат неколку извештаи кои сугерираат дека вирусот потекнува од лабораторија за истражување на коронавирус во Вухан.

Кина постојано негираше дека лабораторијата е одговорна за појавата на коронавирусот и дека САД и другите земји се обидуваат да го свртат вниманието од сопствените неуспеси во борбата против Ковид-19. Амбасадата на Кина соопшти дека некои политички сили се насочени исклучиво кон спроведување на политичка манипулација во пронаоѓање на виновниците.

„Кина поддржува целосна истрага за Ковид-19 и темелна истрага на некои тајни бази и биолошки лаборатории ширум светот“, се вели во соопштението.

„Тие се обидуваат да го прошират нивниот пат од ќор-сокакот во кој се наоѓаат“, рече вработен во Институтот на атланскиот совет, Џејми Мецл, кој ја водеше кампањата за нова независна истрага.

Заедничката студија на Кина и СЗО објавена во март открива дека вирусот најверојатно не излегол од лабораторијата и најверојатно се проширил од лилјаци на луѓето преку сè уште неидентификуван вид. Кина, исто така, продолжи да укажува на можноста дека вирусот потекнува од друга земја и дека влегол преку заразена замрзната храна или преку мрежите на трговија со диви животни во Југоисточна Кина.

Кинескиот таблоид „Глобал тајмс“, објави дека ако САД сака дополнително да ја испита теоријата дека вирусот протекол од лабораторија, тогаш треба да ги пушти истражителите во сопствените институции.

“Пандемијата започна во Кина. Ајде да ја започнеме целосната истрага од таму и да ја прошириме доколку има потреба. Накратко, ова соопштение од амбасадата на Кина е нечуена навреда за секое лице кое починало во оваа страшна пандемија како и за нивните семејства”, рече Мецл.

Share
Scroll to Top