Рашфорд по финалето во Гдањск: Добив најмалку 70 расистички навреди

Рашфорд по финалето во Гдањск: Добив најмалку 70 расистички навреди

пред 3 години

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд вели дека се соочил со најмалку 70 расистички навреди на социјалните мрежи по финалето во Лига Европа што „ѓаволите“ синоќа на пенали го загубија од Вилјареал.

„Најмалку 70 расистички навреди досега се избројани на моите профили на социјалните мрежи. За оние кои прават да се чувствувам уште полошо од што ми е – среќно во обидот“ напиша Рашфорд на Твитер по завршувањето на синоќешниот меч.


Британската полиција во јануари годинава покрена истрага за злоставување на социјалните мрежи откако токму Рашфорд и двајца други соиграчи од Јунајтед беа мета на расисти.

„Да, црномурест сум и секој ден од животот сум горд на тоа што сум. Ниеден коментар нема да направи да се чувствувам поинаку. Жал ми е ако баравте силна реакција, едноставно овде нема да ја добиете“ напиша тогаш англискиот фудбалски репрезентативец.

Share
Scroll to Top