Гвардиола со совет за Меси: Нема да најдеш подобар дом од Барселона

Гвардиола со совет за Меси: Нема да најдеш подобар дом од Барселона

пред 3 години

Иако неговите Манчестер сити долго време беа споменувани како тим во кој Лионел Меси може да ја продолжи кариерата, менаџерот Пеп Гвардиола му порача на Аргентинецот дека нема да најде „подобар дом“ од каталонскиот гигант и се надева дека таму ќе ја заврши кариерата.

По шокантното барање за трансфер минатото лето, сега се верува дека капитенот на Барселона е подготвен да го продолжи договорот по изборот на новиот претседател Жоан Лапорта. Гвардиола, кој му беше тренер на Меси четири години на „Ноу Камп“, вели дека 33-годишниот Аргентинец треба да остане таму.

„Се надевам дека ќе ја заврши кариерата во Барса. Меси нема да најде подобар дом од Барселона. Единствено нешто што треба да се направи, како што кажа нашиот драг учител Јохан Кројф, е да се вратиш на изворот, да почувствуваш што ја прави Барса посебна во начинот на игра. Само треба да се тргне правот, да се подмачка машината и да се оди напред. Нема подобар клуб за него и за тоа“, вели Гвардиол, кој во 2008/09 заедно со Меси стигна до историската тројна титула, а потоа освоија уште две шпански титули и една од Лигата на шапионите.

Share
Scroll to Top