Вардар 1961 ќе игра финале против домаќинот Магдебург на „Хумел куп“

Вардар 1961 ќе игра финале против домаќинот Магдебург на „Хумел куп“

пред 3 години

Ракометарите на Вардар 1961 ќе играат во финалето на „Хумел купот“ против домачинот Магдебург.

Денеска избраниците на тренерот Вујовиќ во полуфиналето го совладаа дански Холстебро со 33-28, на полувреме „црвено-црните“ имаа предност од 14-13.

Кај Вардар најефикасни на мечот беа бекот Талески и новиот пивотмен Тото со по 6 голови, додека новото засилување Гурбиндо броеше до 5. Четири погодоци постигна Мишевски, три Моралес, по два гола Ѓукиќ, Чувара и Валчак, а по еден Дибиров, Гаџа и Јагуриновски.

Магдебург, очекувано за влез во финалето на турнирот ја победи убедливо со 33-23 екипата на Горење.

Мечот Магдебург – Вардар се игра утре од 15:30 часот.
Фото: РК Вардар 1961

Share
Scroll to Top