Имобиле: Има ли нешто поубаво од гол на мојот стадион за мојата репрезентација?

Имобиле: Има ли нешто поубаво од гол на мојот стадион за мојата репрезентација?

пред 3 години

Чиро Имобиле постигна гол за Италија на трет меч едноподруго, за да помогне „аѕурите“ да имаат победнички старт на ЕУРО 2020 со 3:0 триумфот над Турција, обезбеден со три гола во второто полувреме.

Ова е првпат во историјата Италија да постигне три гола на еден меч на ЕП, но до голот на Чакир не се стигнуваше лесно. Италија сега исто така има девет победи во низа со 28 постигнати голови, а на деветте меча немаат примено гол.

„Беше прекрасно да се видат фановите како слават по сите работи кои се случија, конечно се собравме по овој проклет вирус. Покажавме трпение против силен противник кој ќе направи проблеми на многу репрезентации. Се обидовме да ги умориме во првото полувреме, да ги ‘рашириме’, но удривме во нивниот ѕид, посебно бидејќи не сме најдобри во воздушната игра. Тие беа уморни и тогаш ја начекавме нашата шанса. Да се постигне гол на стадионот на кој играм на почетокот на Еуро? Што може да биде подобро“, вели Имобиле.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

 

Share
Scroll to Top