Торино го слави Војвода, им донесе бодови кои може да се спасоносни

Торино го слави Војвода, им донесе бодови кои може да се спасоносни

пред 3 години

Косовскиот фудбалски интернационалец Мергим Војвода е херојот на Торино. Тој е стрелецот на единствениот гол за „биковите“ со кој славеа на мечот против Парма 1-0 и освоија злато вредни 3 бода во борбата за опстанок во Серија А.

На асистенција на Ансалди токму Војвода во 63 минута погоди од близина за победа на помалиот клуб од Торино и прогрес на табелата.

Торино има 34 бода во моментов, +3 од Беневенто кој е во најопасната зона, а згора на тоа, „биковите“ имаат и меч повеќе за играње од конкурентите, против екипата на Лацио.

Со денешниот пораз Парма веќе се збогува од Серија А затоа што на 4 кола до крајот клубот е на -12 бода од позиција која во моментов носи опстанок.

Share
Scroll to Top