Англиски рагбист не се сеќава дека станал шампион, ја тужи федерацијата

Англиски рагбист не се сеќава дека станал шампион, ја тужи федерацијата

пред 3 години

Стив Томпсон, 42-годишниот поранешен рагбист и член на англиската репрезентација која во 2003 го освои Светскиот куп, открива дека страда од деменција и дека воопшто не се сеќава дека бил во Австралија, предводејќи ја групата поранешни играчи кои ја тужат Рагби фудбалската унија (РФУ).

Томпсон, заедно со својот поранешен соиграч Мајкл Липман и Велшанецот Аликс Попхем ја тужат РФУ, Светското рагби и Велшката рагби унија за небрежност околу повредите на мозокот кои ги добиле во својата кариера. Досега има дури осум потврдени случаи на деменција, и тоа сите на рагбисти под 45 години кои играле за Англија или Велс. Според „Дејли мејл“ уште стотина рагбисти чекаат да се приклучат на тужбата.

Ова е само уште еден случај во контакните спортови како фудбал, американски фудбал, рагби и бокс кои се поврзуваат со деменција.

Share
Scroll to Top