Емерсон Ројал е третото засилување за Барселона

Емерсон Ројал е третото засилување за Барселона

пред 3 години

Емерсон Ројал ќе биде третото засилување за Барселона во актуелниот преоден рок. Барселона од Бетис ќе го откуши договорот на бразилскиот десен бек.

Бетис и Барселона, во 2019 година, го откушија договорот на Емерсон од Атлетико Минеиро. Тогаш клубовите постигнаа договор, Емерсон првите две сезони да ги мине во Бетис, а потоа Барселона може да го откупи за девет милиони евра.

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, решил да ја активираа клаузулата во договорот на Бразилецот.

Емерсон за Бетис одиграл 79 натпревари, постигнал пет гола и забележал десет асистенции.

Десниот бек ќе биде трето засилување за Барселона во преодниот рок, претходно без обесштетување во клубот пристигнаа Серхио Агуеро и Ерик Гарсија од Манчестер сити.

Share
Scroll to Top