Газдата на Ољаненсе: Не ми се верува колку лош тренер е Едгар Давидс

Газдата на Ољаненсе: Не ми се верува колку лош тренер е Едгар Давидс

пред 3 години

Луис Торес, претседателот на португалскиот третолигаш Ољаненсе, влезе во неверојатен напад на својот веќе поранешен тренер, холандската легенда Едгар Давидс, нарекувајќи го „неверојатно лош тренер“.

Ољаненсе не успеа да влезе во португалската втора лига по поразот од Реал СЦ Келуз во баражот, и Торес не го штедеше Холанѓанецот.

„Беше тешко да е рестартира лигата по пандемијата на КОВИД-19, но се надевавме на смирена сезона и на влез во Лига 3. Во јануари, решив да го ангажирам господинот Едгар Давидс, фудбалер со големо искуство, но тоа не значи ништо кога се работи за тренерската работа. Нашиот спортски директор Андреа Пападија не увери дека инвеститорите ќе продолжат со спонзорирањето само доколку тој биде ангажиран. На спортско ниво, одлуката беше катастрофална, но и го очекував тоа. Нашиот тренер не успеа да се поврзе со тимот и да му даде вистински модел. Неверојатно лош тренер“, изјави Торес.

Share
Scroll to Top