Харден одбил богата понуда, сака да замине од Хјустон

Харден одбил богата понуда, сака да замине од Хјустон

пред 3 години

Џејмс Харден нема намера да остане во Хјустон. „Брадата“ по секоја цена сака да ги напушти Рокетси, а најзаинтересирани за неговите услуги се Филаделфија Севентисиксерс, Бруклин Нетс и Њујорк Никс.

Хјустон се обиделе да го задржат еден од најдобрите играчи во лигата со богат договор. Тие му понудиле нов двегодишен договор „тежок“ 103.000.000 долари. Харден одбил да стане првиот играч во историјата на НБА кој би имал договор од преку 50.000.000 долари по сезона.

Американските медиуми пишуваат дека Харден би сакал да се пресели во Бруклин, каде игра неговиот поранешен соиграч од Оклахома, Кевин Дурент, а партнер во бековската линија би му бил Кајри Ирвинг.

Share
Scroll to Top