Гатузо: Која е поената да одиме понатаму, ако таму нема кој да игра

Гатузо: Која е поената да одиме понатаму, ако таму нема кој да игра

пред 3 години

Наполи, синоќа, доживеа пораз во Гранда (2:0), во Лига Европа. Повеќе од поразот тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо го загрижува здравствениот билтен во тимот.

„Игравме без 10 или 11 фудбалери. Сега и Политано има проблем проблем со ребрата, не може да дише нормално. Таква е ситуацијата, не можеме да седиме и да плачеме. Мораме да најдеме решение“, рекол Гатузо.

„Имавме свои шанси, сигурно заслуживме повеќе. Не размислуваме за наредната фаза, мораме да ги вратиме играчите. Која е поентата од пласман во наредната рунда, ако нема кој да игра?“.

Наполи, викендов го очекува тежок дуел, против Аталанта во Серија А.

Share
Scroll to Top