Пандев ги стресе Германците! Македонија води против четирикратниот светски шампион по 45 минути

Пандев ги стресе Германците! Македонија води против четирикратниот светски шампион по 45 минути

пред 3 години

Дефанзивната стратегија на селекторот Игор Ангеловски засега дава плод, откако по првите 45 минути од гостувањето во Дуизбург, Македонија има сензационално водство од 1:0 против четирикратниот светски шампион Германија.

Иако „маншафт“ на домашен терен има над 60 отсто од поседот на топката, засега голот на Димитриевски мирува и освен неколкуте шанси за Германија, темпото на играта на македонската репрезентација е одлично. Во деветтата минута, Леон Горецка ја затресе гредата на нашиот гол по убавата акција со Каи Хаверц, а во 23. минута Аријан Адеми имаше одличен пробив во шестнаесетникот, но Александар Трајковски задоцни неколку секунди.

Во 31. минута имавме среќа што Серж Гнабри не беше прецизен од убава шанса, по што во финишот на полувремето на сцена стапи „Гранде“ Горан Пандев, кој донесе фантастична предност на Македонија пред второто полувреме користејќи ја слабата реакција на германската одбрана.

Share
Scroll to Top