Блат се бори со склерозата: Подобро се чувствувам, отколку што изгледам!

Блат се бори со склерозата: Подобро се чувствувам, отколку што изгледам!

пред 3 години

Легендарниот кошаркарски тренер – Американецот со израелско потекло, Дејвид Блат (61) пред 2 години, додека се уште беше на кормилото на Олимпијакос соопшти дека боледува од мултиплекс склероза. Од тогаш сета енергија ја вложува во лекување, а во разговор за грчките медиуми открива каква му е состојбата во моментот.

„Подобро се чувствувам, отколку што изгледам! Ова е тешка болест која од време на време станува се потешка. Со терапијата која ја примам се надевам дека нема да прогресира. Добро се држам, живеам здраво, вежбам, се гружам за навиките“ вели Блат.

Тој остана запаметен откако со селекцијата на Русија го освои Европското кошаркарско првенство, на ОИ во Лондон во 2012 стигна до бронзата, а во Евролигата стигна до титулата како предводник на Макаби Тел Авив.

Од 2014 до 2016 година беше тренер на Кливленд Кавалирс, го тренираше Леброн Џејмс (36).

„Мислам дека е апсолутно феноменално она што Леброн го прави последните години. Мислам дека може сега да биде подобар играч отколку што некогаш бил, а веќе беше најдобриот во светот. Мора да му симнете капа за се што направи“ смета Блат.

Share
Scroll to Top