ПСЖ за полувреме го решија Стразбур

ПСЖ за полувреме го решија Стразбур

пред 3 години

ПСЖ убедливо славеа во Стразбур со 4:1. На шест кола до крајот на езоната во Лига 1, ПСЖ се втори со три бода помалку од лидерот Лил. Лил во првиот меч од ова коло, во Мец победи со 2:0.

Актуелните шампиони на Франција, без суспендираниот Нејмар, дилемите околу победникот ги решија во првиот дел. Мбапе го постигна првиот гол во 16.минута, 11 минути подоцна гол постигна и Сарабија, а точка на првиот дел стави Кин.

Сахи во второто полувреме, го постигна почесниот гол за Стразбур, а серијата на голови ја затвори Паредс во 88.минута.

Share
Scroll to Top