Кулушевски посакува Ибрахимовиќ да се врати во репрезентацијата

Кулушевски посакува Ибрахимовиќ да се врати во репрезентацијата

пред 3 години

Играчот на Јувентус, Дејан Кулушевски, по синоќешната победа над Сасуоло (3:1), во Серија А, го повикал Златан ибрахимовиќ да се врати во националниот тим.

„Се допишуваме. Тој е мојот идол, во состојба е да направи работи што никој друг во светот не ги може. Навстина се надевам дека ќе се врати во репрезентацијата за Европското првенство. Тоа би било одлично и за мене и за цела Шведска. Ајде Ибро“, рекол Кулушевски.

Ибрахимовиќ се прости од националниот тим по Европското првенство во 2016 година. Во октомври тој ќе наполни 40 години.

Кулушевски, во минатото забележа неколку настап за младинските селекции на Македонија, но како сениор реши да го носи дресот на Шведска.

Шведска на ЕУРО 2021 ќе игра во Е-групата, против Шпанија, Полска и Словачка.

Share
Scroll to Top