Нов кикс на Барселона – Валенсија освои бод на Ноу Камп

Нов кикс на Барселона – Валенсија освои бод на Ноу Камп

пред 3 години

Барселона одигра 2.2 со Валенсија, во 14.коло, во Ла Лига. Натпреварот на „Ноу Камп“ го обележа Лионел Меси, кој го постигна 643 гол во кариерата. Аргентинецот на вечната листа се израмни со Пеле. Овие двајца постигнале најмногу голови за еден клуб.

Барселона непланирано киксна и остана без два бода, во дуелот со храбрата Валнесија. Барса, што е и вообичаено, имаше поголем посед, повеќе напади, двојно повеќе удари кон голот од противниците, но Валенсија ги имаше подобрите шанси. Тер Штеген со две брилијантни интервенции успеа да ги спречи напаѓачите на Валенсија да постигнат гол.

Изненадувањето го најави Дијакаби во 29.минута. Дефанзивецот на барселона, по корнерот на Гаја, остана сам пред голот и го совлада Тер Штеген.

Израмни меси во четвртата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел. Аргентинецот најпрвин промаши пенал, Доменек го одбрани неговиот удар, но во продолжение на акцијата Меси постигна гол.

Целосен пресврт Барселона направи во 54.минута, кога Араухо постигна удав гол.

Конечниот резултат го постави Макси Гомез во 69.минута. Акцијата при постигнувањето на голот го покажа сите слабости во одбраната на Барселона.

Барселона остана на петтото место на табелата со 21 поен, осум помалку од лидерот Атлетико, од кого има одиграно натпревар повеќе. Валенсија е на 12 место со 15 поени.

Share
Scroll to Top