Не се снајде во Лидс – Родриго сака да се врати во Ла Лига

Не се снајде во Лидс – Родриго сака да се врати во Ла Лига

пред 3 години

Соиграчот на Алиоски од Лидс јунајтед, Родриго Морено, во летниот преоден рок би можел да се врати во Шпанија. Родриго, минатото лето за 30 милиони евра ја напушти Валенсија и се пресели во Лидс јунајтед.

Шпанскиот репрезентативец не успеа да се снајде во Премиер лигата. Кај Марсело Бјелса најчесто е резерва, поради што на 24 натпревари одиграл 1.289 минути.

Локалниот медиум од Андалузија, Естадио, тврди дека за услугите на Родриго се заинтересирано Севилја и Бетис.

Овој извор потенцира дека Родориго може да игра и во формацијата на Пелегрини 4-2-3-1 и во формацијата на Лопетеги 4-3-3.

Share
Scroll to Top