Данска е третиот полу-финалист на ЕУРО 2020

Данска е третиот полу-финалист на ЕУРО 2020

пред 3 години

Данска избори пласман во полу-финалето на Европското првенство. Во Баку, Данците ја победија Чешка со 2:1 (2:0). и Чешка, во Баку, го играат третиот четврт-финален натпревар на Европското првенство.

Данците првиот гол го постигнаа во раната фаза на натпреварот. По корнерот на Стригер Ларесен, во петтата минута, Чесите го заборавија Дилејни, кој стана сам на 10 метри од голот и ја проследи топката зад грбот на Вацлик.

Интересно корнерот од кој поведоа Данците воопшто и не беше корнер. Последен со топката играше еден од играчите на Данска, меѓутоа Кујперс и неговиот помошник доделија корнер за днаска.

Осум минути подоцна Домсгард не зицер, Вацлик му влезе во шутот и го одбрани неговиот удар.

Потоа Чешка ја презеде контролата, создаде неколку оапсни напади, меѓутоа без конкретна закана кон голот на Шмахјел.

Во 38.минута, пресликана акција од 13.минута и повторно Вацлик беше поузпешен од Домсгард.

Четири минути подоцна, Меле нафрли од левата страна, а Долберг ја закова топката во голот на Чешка.

Вториот дел започна онака како што посакуваа Чесите. По само четири минути игра Патрик Шик успеда да го матира Шмајхел.

Напаѓачот на Баер Леверкузен го постигна петтиот гол на првенството и листата на најдобри стрелци, на врвот се израмни со Кристијано Роналдо.
До крајот на мечот Чесите притискаа, но не создадоа сериозна шанса за гол. Од друга страна Данците имаа две можности преку Поулсен и Меле да ги решат сите дилеми околу патникот во полу-финалето.

Данска, во полу-финалето, ќе игра против победникот од дуелот Англија-Украина. Натпреварот ќе се игра на 7.јули во Лондон.

Share
Scroll to Top