Експлозијата пред стартот на Дакар релито била тероризам?

Експлозијата пред стартот на Дакар релито била тероризам?

пред 2 години

Француските обвинители почнаа истрага за наводен тероризам откако едно француско возило вклучено на Дакар релито во Саудиска Арабија експлодираше минатата недела, повредувајќи еден од натпреварувачите.

Обвинителите го истражуваат инцидентот кој се случил на 30 декември во Џеда, кога експлодирало едно возило за поддршка на францускиот тим „Содикарс“. Според директорот на трката, Давид Кастера, експлозијата се случила кога возилото тргнало од тимскиот хотел до стартот на трката.

Филип Бурон, ко-возачот на тркачкиот тим на „Содикарс“ добил посериозна повреда на ногата и завршил во болница.

Share
Scroll to Top