Лапорта: Згрешив со Куман, Чави еден ден ќе биде тренер на Барса

Лапорта: Згрешив со Куман, Чави еден ден ќе биде тренер на Барса

пред 2 години

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, не можел да потврди дали Чави ќе биде новиот тренер и признал дека згрешил што порано не го отпуштил Роналд Куман.

Лапорта, во средата вечерта, по поразот од Рајо Ваљекано, му врачи отказ на Куман. Вчера, објави дека в.д. тренер е биде Серхи Бархуан.

„Моравме да реагираме, ситуацијата стана неиздржлива. Можеби требаше порано да го отпуштиме Куман, одговорноста за тоа е моја“, рекол Лапорта на прес конференцијата.

„Нема да ви кажам кои ни се опциите за нов тренер. Тоа не би било професионално. Не сакаме некому да наштетиме“.

„Чави има препораки од луѓето кои му се блиски и кои го познаваат многу подобро од мене. Често се слушаме. Знам што мисли за овој тим, има јасен план што треба да се направи“, рекол Лапорта и продолжил.

„Јас со него разговарав во периодот кога беа изборите. Тогаш му лажав дека сакам Куман да го заврши она што го започна. За што сега разговараме е наша приватна работа. Еден ден Чави ќе биде тренер на Барселона. Би сакал тоа да се случи додека сум јас претседател, но не знам кога ќе се случи. Им верувам на моите соработници, тие ќе проценат кое е најдоброто решение за клубот“.

Share
Scroll to Top