Фудбалско суеверие: Челси го врати стариот дрес пред финалето на ЛШ

Фудбалско суеверие: Челси го врати стариот дрес пред финалето на ЛШ

пред 3 години

Челси ќе го вратат „стариот“ овогодишен домашен дрес за финалето на Лигата на шампионите против Манчестер сити, откако дел од фудбалерите и управата биле суеверни по двата порази во новиот дрес за сезоната 2021/22.

Челси успеаја да загубат две финалиња со новиот фантастичен дрес – првпат беше носено во финалето на ФА купот против Лестер, а потоа и женскиот тим го носеше во финалето на Лигата на шампионите, каде што загубија од Барселона.

Историјата исто така не е наклонета на Челси кога се работи за менување на дресови. Во 2008 година, пред финалето на Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед, тие го сменија дресот и загубија на пенали, додека во 2012 година, го заддржаа дресот кој го носеа цела сезона и го победија Баерн Минхен за прва европска титула.

Share
Scroll to Top