Гери Линекер ја „закопа“ славната фудбалска изјава за Германците

Гери Линекер ја „закопа“ славната фудбалска изјава за Германците

пред 3 години

Гери Линекер, славниот поранешен англиски напаѓач, а сега ТВ-коментатор, вели дека по повеќе од 20 години, веќе е време да се стави крај на неговата славна изјава за фудбалот како спорт во кој доминираат Германците по 2:0 победата на Англија во четврт-финалето на ЕУРО 2020.

„Фудбалот е многу едноставна игра во која 22 играчи трчаат по топка 90 минути, а на крајот секогаш победуваат Германците“, кажа Линекер по поразот од Германија на пенали на СП во 1990 година во Италија.

Сега, веќе е доста, вели Линекер.

„Мислам дека е време за ‘Германците секогаш победуваат’ да се стави во кревет. Нека почива во мир“, напиша Линекер на Твитер.

Share
Scroll to Top