Само вакцинираните ќе можат да настапат на Ролан Гарос

Само вакцинираните ќе можат да настапат на Ролан Гарос

пред 2 години

Професионалните спортисти, ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот, доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се однесува и на вториот гренд-слем во сезоната, Ролан Гарос, кој во Париз ќе започне на 22.мај.

Француските власти, експресно си ги погазија зборовите откако пред два дена, најавија дека ќе им биде овозможено и на невакцинираните да се натпреваруваат на Ролан Гарос. Ова го изјави министерката за спорт, Роксана Марачинеану, а се по повод случувањата во Австралија и депортацијата на Новак Ѓоковиќ.

„Законот за вакцинација е усвоен и наскоро ќе започне да се спроведува. Ова значи дека задолжителна ќе биде потврда за вакцинација за влез во сите јавни установи (стадиони, кино сали, спортски објекти…). Тоа ќе важи и за учесниците и за гледачите, за Французите и за странците“, напишала министерката на „Твитер“.

По оваа одлука на француските власти, јасно е дека на Новак Ѓоковиќ му се „врзани рацете“ во обидот да стане рекордер според бројот на освоени гренд-слем трофеи. Од претходно тој знаеше дека без потврда за вакцинација нема да може да игра на третиот и четвртиот гренд-слем, Вимблдон и Ју-ес опен.

 

Share
Scroll to Top