Ѓорѓевиќ е новиот тренер на Фенербахче

Ѓорѓевиќ е новиот тренер на Фенербахче

пред 3 години

Поранешниот селектор на Србија, Александар Саша Ѓорѓевиќ, официјално стана тренер на кошаркарите на Фенербахче. Ѓорѓевиќ со Фенербахче потпиша тригодишен договор. На чело на стручниот штаб дојде на местото на Игор Кокошков.

Ѓорѓевиќ, изминатите две сезони го предводеше Виртус од Болоња. Реши да го напушти клубот, откако по пауза од две децении ја врати шампионската титула во Болоња.

Саша Ѓорѓевиќ, покрај титулата со Виртус, во кариерата има освоено сребрени медали со Србија на олимписки игри, светско и европско првенство.

Share
Scroll to Top