Лацио не му го споменаа името, но потврдија дека Симоне Инзаги заминува во Интер

Лацио не му го споменаа името, но потврдија дека Симоне Инзаги заминува во Интер

пред 4 години

Лацио со кратка објава потврдија дека тренерот Симоне Инзаги го „сменил мислењето“ и дека заминува во Интер, иако во соопштението воопшто не му го споменаа името.

Договорото на Инзаги со Лацио завршува на 30 јуни, но според италијанските медиуми тој вчера усно се согласил да го продолжи до јуни 2024 година, пред денеска да се појават Интер со понуда за двојно поголема плата.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, се обидуваше денеска да го разубеди Инзаги да остане, но на крајот го признаа поразот и потврдија дека тој си заминува, без да му го споменат името.

„Го почитуваме менувањето на мислењето на тренерот, кој претходно беше наш фудбалер многу години и го поврза своето име со семејството на Лацио“, објавија од Лацио.

Се очекува Инзаги во Интер да добие двегодишен договор вреден 4 милиони евра по сезона плус 1 милион евра бонуси.

Share
Scroll to Top