(Видео) На остров во Еквадор откриена џиновска желка која последен пат била видена во 1906 година

(Видео) На остров во Еквадор откриена џиновска желка која последен пат била видена во 1906 година

пред 5 години

На островот во Екдадор, Галапагос, била забележана џиновска желка, која последен пат била видена во 1906 година. Научниците велат дека генетските тестови потврдиле дека станува збор за желка, која изумрела пред повеќе од еден век.

Желката била откриена за време на една експедиција во 2019 година, на островот Фернандино. За да ја докажат врската, научниците земале примероци од желката и ги споредиле со остатоците од мажјакот од видот Chelonoidis phantasticus.

Последен пат кога е виден овој вид на желка била 1906 година. Сега научниците од Калифорниската академија на науки, стигнале на островот Галапагос, за да го спроведат сеопфатното истражување на флората и фауната.

Примероците од мажјакот ги вратиле на одделението за херпетологија на академијата, кои на генетичарите од Универзитетот Јејл, им овозможиле 115 години подоцна, да утврдат дека желката пронајдена во 2019 година, навистина потекнува од видот Chelonoidis phantasticus.

Таа е позната и како џиновска желка од Фернандина. Еквадор, во чиј дел е и островот Галапагос, ја прослави добрата вест.

„Се веруваше дека овој вид на желка изумрела пред повеќе од 100 години“, напиша министерот за заштита на животната средина, Густаво Манрика на „Твитер“. „Надежта останува жива“, дополнил тој.

Џиновската желка која е женка, се проценува дека е стара повеќе од 100 години и во моментов се наоѓа на островот Санта Круз. Научниците на островот Фернандино, откриле и фекалии за кои мислат дека укажуваат на тоа дека во природата останале и други вакви желки.

Директорот од Националниот парк Галапагос, Дани Руеда, изјавил дека е започната експедиција на островот Фернандино, за да се обидат да пронајдат и други примероци од истиот вид.

Share
Scroll to Top