Ѓоковиќ го покори Белград и најави напад на Париз

Ѓоковиќ го покори Белград и најави напад на Париз

пред 3 години

По цела деценија Белград го поздрави шампионот Новак Ѓоковиќ. Првиот светски тениски рекет триумфираше на белградскиот турнир од серија 250 откако во финалето беше подобар со 2-0 (6-4 и 6-3) од 255-от светски тенисер Алекс Молчан од Словачка.

„Сакам да ти честитам, ти си сјајна личност и борец, она што го покажа на турнирот беше импресивно, ти посакувам многу среќа, се надевам дека ова е почеток на добри резултати“ му посака Новак на својот противник во финалето.
Ѓоковиќ со голема благоарност и до публиката.

„Ви благодарам на сите, ми го разубавевте денот. Со еден дел од мене веќе сум во Париз, одиме по титулата на Ролан Гарос“ рече тој.

Share
Scroll to Top