„Панцирите“ нема да ги вакцинираат пред ЕУРО

„Панцирите“ нема да ги вакцинираат пред ЕУРО

пред 3 години

Германскиот фудбалски сојуз одлучил фудбалерите што ќе настапат за националниот тим на ЕУРО 2020 да не се вакцинираат ниту во тренинг – кампот, а ниту во текот на првенството.

Некои од играчите во таборот на Јоаким Лев се веќе вакцинирани против Ковид 19 со првата доза, но Сојузот одлучи до крајот на ЕП тие да не ја примаат втората доза од вакцината.

„Не сакаме играчите да имаат нус појави кои би можеле да влијаат на нивниот настап во текот на турнирот“ објасни Тим Мајер, лекарот на „Панцирите“.

Германија на 15 јуни го игра првиот меч од групната фаза против Франција, а во групата се уште Португалија и Унгарија.

Сите мечеви од оваа група ќе се играат во Минхен.

Share
Scroll to Top