Јанкер огорчен: Само Левандовски можеше да добие награда, никој друг!

Јанкер огорчен: Само Левандовски можеше да добие награда, никој друг!

пред 3 години

Напаѓачот на минхенски Баерн Роберт Левандовски имаше сезона за паметење откако постигна 41 гол во Бундеслигата и го сруши рекордот на Герд Милер стар 49 години.

Сепак, Полјакот не ја доби наградата за играч на сезоната во Бундеслигата. Трофејот отиде во рацете на играчот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Ваквата одлука е неприфатлива за поранешниот голгетер на Баварците, Карстен Јанкер кој со Баерн освои 4 титули во Бундеслигата и една во ЛШ во 2001 година.

„Ова е невозможно, Само Левандовски можеше да ја добие таа награда, никој друг, па тој го сруши рекордот кој се сметаше за невозможен. Верувам дека Халанд е извонреден играч и дека иднината е пред него, посебно ми се допаѓа како се движи на теренот“ рече Јанкер гостувајќи во поткаст во Германија.

Халанд сезоната во Бундеслигата ја заврши со 27 гола, а Борусија го освои германскиот Куп.

Share
Scroll to Top