Тијаго удри по поранешниот клуб: Во ПСЖ секогаш јас бев виновен

Тијаго удри по поранешниот клуб: Во ПСЖ секогаш јас бев виновен

пред 3 години

Тијаго Силва признава дека посебно уживал во освојувањето на Лигата на шампионите со Челси, велејќи дека секогаш бил „жртвено јагне“ во неговиот поранешен клуб Пари Сен-Жермен.

Силва по минатогодишниот пораз на ПСЖ од Баерн Минхен во финалето, славеше со Челси, иронично со истиот тренер, Томас Тухел, и очигледно уште не му заборавил на францускиот клуб за нефер однесувањето по крајот на неговиот договор минатата сезона.

„Ова е посебно остварување за мене, посебно поради притисокот кој го имавме во Париз да го освоиме трофејот. Кога Париз беше елиминиран, луѓето бараа жртвени јагниња и секогаш тоа бев јас. Штета. Се надевам дека во иднина ќе го освојат трофејот бидејќи оставив многу пријатели таму. И секогаш ќе останам црвен и син“, изјави Силва по мечот.

Челси го добија Силва со бесплатен трансфер минатото лето, и тој беше клучен во тимот и под Френк Лампард и под Томас Тухел. Тој одигра осум меча во ЛШ, вклучувајќи ги двата полуфинални мечеви против Реал Мадрид. Се очекува Челси да ја активираат клаузулата за продолжување на договорот на уште една сезона и покрај неговите 36 години.

Share
Scroll to Top