Мото3: Дупаские останува во критична состојба, неговиот тим нема да се трка

Мото3: Дупаские останува во критична состојба, неговиот тим нема да се трка

пред 3 години

19-годишниот Швајцарец, Џејсон Дупаские останува во критична состојба и по операциите кои му беа извршени во болницата Кареџи во Фиренца по страшниот пад на квалификациите за Мото3 трката во Муџело. Неговиот тим, потврди дека нема да учествува на денешната трка.

Младиот возач ја загуби контролата на мотоциклот пред да биде удрен од Јапонецот Ајуми Сасаки, кој исто така излета од својот мотоцикл. Дупаские дури половина час добиваше медицинска помош на патеката, пред да биде однесен со хеликоптер во клиниката во Фиренца.

https://www.youtube.com/watch?v=nE3aRy8d1Ik

Share
Scroll to Top