Анри повторно помошник на Мартинез во белгиската репрезентација

Анри повторно помошник на Мартинез во белгиската репрезентација

пред 3 години

Легендата на Арсенал, Тјери Анри, повторно се приклучи на тренерскиот тим на Роберто Мартинез во белгиската репрезентација пред Европското првенство ова лето.

43-годишниот Анри работеше со Мартинез од 2016 година, пред во 2018 година да го преземе Монако, а потоа работеше и во МЛС лигата со тимот на Монтреал импакт. Французинот имаше договор да биде ТВ-коментатор за првенството, но по поканата од Мартинез решил повторно да оди со „ѓаволите“.

Белгија стигна до полуфиналето на Светското првенство во Русија, губејќи од Франција, пред да ја победи Англија за третото место. И на ЕУРО 2020, „ѓаволите“ се меѓу фаворитите со својата златна генерација предводена од Кевин де Брујне, Ромелу Лукаку и Еден Азар. Белгија е во групата Б со Русија, Финска и Данска.

Share
Scroll to Top