(Видео) Ленс победи со 10 играчи за да дојде на три поени од ПСЖ

(Видео) Ленс победи со 10 играчи за да дојде на три поени од ПСЖ

пред 11 месеци

Одличната сезона на Ленс продолжува, откако и со 10 играчи, успеаја да стигнат до тешка 2:1 победа над Ремс за да се доближат на три поени од Пари Сен-Жермен на второто место на табелата во Лига 1.

Кевин Дансо доби црвен картон по само 19 минути игра, за гостите да дојдат до водство во 23. минута преку Англичанцот Фоларин Балоган со удар од белата точка. Ленс израмни исто така од пенал преку Пжемислав Франковски, за во 55. минута, Секо Фофана да ја обезбеди победата на домаќините.

Иако е тешко да се очекува кикс на ПСЖ во борбата за титулата, со победата, Ленс е блиску до директно место во Лигата на шампиони, бидејќи сега имаат 5 поени пред Олимпик Марсеј на третото место.

Share
Scroll to Top