Пукал од тераса и ранил полицаец и дете

пред 4 години

Офицер на Руската национална гарда и едно дете се ранети денеска при пукање во рускиот град Екатеринбург.

Детето е пренесено во болница по инцидентот, изјави извор од полицијата за новинската агенција ТАС С.

„ Вистина е, полицаецот е ранет, а детето е хоспитализирано“, изјавил изворот.

Инцидентот се случил кога непознат маж отворил оган кон уличните минувачи во Екатеринбург.

„ Мажот пукаше, има и жртви. Оддекнаа најмалку десет истрели”, додаде изворот.

ТАС С наведува дека нападот го извршил поранешен полицаец кој пукал од ловечка пушка од терасата на неговиот стан.