(Видео) Поранешниот претседател Кенеди бил убиен за да не открие големи тајни на службите за НЛО

(Видео) Поранешниот претседател Кенеди бил убиен за да не открие големи тајни на службите за НЛО

пред 4 години

И покрај безбројните истраги, некои експерти до ден денес сметаат дека Џон Кенеди не бил убиен од еден човек, туку дека го елиминирале тајните сили, внатре во американската известувачка служба. Кенеди беше американски претседател, кој најмногу беше поврзуван со две работи, вселенската трка и теориите на заговор.

Неговото познато обраќање пред американскиот Конгрес на 25. мај 1961 година, пред шеесетина година, беше: Верувам дека оваа нација треба да се посвети на постигнување на целите на слетување на човек на Месечината пред истекот на оваа деценија и негово безбедно враќање на Земјата“.

НАСА успеа во таа цел, а можеби една од главните пресвртници за тој настан, да се стави човек на Месечината, било националното чувство на тага, откако Кенеди беше убиен во Далас на 22. ноември 1963 година.

Тој атентат, кој со генерации ја оживува американската психа, покрена десетици теории на заговор. На многумина им е тешко да поверуваат дека осамен атентатор, работејќи без помош, можел да го изведе тој еден погодок од шестиот кат во тексашка депозитура за книги и смртно да го убие 46 годишниот претседател.

Но, ако постои заговор, кој бил мотивот? Некои велат дека за неговиот атентат стојат фигури од организираниот криминал, други пак го поврзуваат со политиката на Куба.

Но, многумина сметаат дека најубедливи се тврдењата дека Кенеди имал намера да и открие на јавноста за американското тајно истражување за НЛО.

Истражувач на НЛО, Ерика Љукс, вели дека во текот на годините постои премолчен договор дека претседателот не треба да знае сѐ што тајно се случува во известувачката заедница и дека тоа му овозможува на претседателот да негира некои од работите.

Но, американските политичари се познати по тоа што тие понекогаш сакаат да знаат што се работи во нивно име. Претседателот Двајт Д. Ајзенхауер, претходникот на Кенеди во Белата куќа, наводно се заканил дека ќе ја нападне Областа 51. затоа што чувствувал дека има премногу инфорамции за НЛО.

Според историчарот Ричард Долан, истражителите кои тој ги пратил во Подрачјето 51. виделе некакви летачки пловила и вонземјани, откритие кое го шокирало одликуваниот воен ветеран.

Но, Кенеди, како што вели Долан, почнал да води политика многу брзо по изборите, која се косела со интересите на Националната безбедносна организација.

Како што тврди тој, Кенеди го пикал носот во темата за НЛО и тоа го правело многу опасен. Ник Попу, кој долго време во годините го водел одделението во Министерството за одбрана за собирање и истражување на извештаи за НЛО, вели дека Кенеди бил на работа да ги открие најстрого чуваните американски тајни.

„Претседателот Кенеди изразил став дека американската влада треба да ја сподели технологијата, која имало делови и била во комбинација и со вонземјанската.

Некои од луѓето се потрудиле тоа да не се случи никогаш. Во строго доверлива белешка, која наводно е напишана на 12. ноември 1963 година, две недели пред неговата смрт, Кенеди и наредил на ЦИА да ги организира сите свои известувачки досиеја, кои се однесуваат на НЛО.

Тој наредил да биде запознаен и известен со сите непознати информации до следниот февруари. Но, поради прераната смрт на Кенеди, тој брифинг никогаш не се случил.

Вилиам Лестер, истражувач за паранормални активности и автор на книгата „Прослава на слободата: ЏФК и новите граници“, тврди дека копија од меморандумот, заедно со уште два документи, добил од ЦИА, на основа на Законот за слобода на информации.

Некои експерти ја оспоруваат автентичноста на меморандумите, укажувајќи на помалите технички детали кои го прават поинаков од било кои други официјални белешки од тој период.

Но, двојното наследство на Кенеди, оптимизмот од вселенската доба и паранојата на информационата доба, веројатно ќе се одржат од генерациите кои доаѓаат, без разлика на тоа колку и двете се оспорувани или ќе се доведуваат во прашање.

 

Share
Scroll to Top