Хрватите го откажаа кампот во Шкотска

Хрватите го откажаа кампот во Шкотска

пред 3 години

Фудбалскиот сојуз на Хрвтаска (ХНС) го откажа кампот во Сент Ендрјус, во кој требаше да биде сместена репрезентацијата во текот на Европското првенство.

ХНС, по препорака на УЕФА, поради ригорозните епидемиолошки мерки во Шкотска, решија да го сменат кампот. Во случај, во кампото, да се појави еден позитивен случај, тогаш целата репрезентација би била затворена во карантин.

Од иста причина и Чесите го откажаа својот камп во Шкотска.

Хрватите решија фудбалерите да останат во базата во Ровињ, каде што се наоѓаат на подготовки. Актуелните светски вице-шампиони ќе бидат сместени во „Гранд“ хотелот, а ќе тренираат на стадионот во Ровињ.

Хрватска на ЕУРО 2020 се наоѓа во Д-групата. Хрваттите на 13.јуни ќе играат против Англија во Лондон, пет дена подоцна во Глазгов противник ќе им биде Чешка, а на истото место ќе играат против Шкотска на 22.јуни.

Share
Scroll to Top