Александер-Арнолд одговори: Верувај во себе, замолчи ги критичарите!

Александер-Арнолд одговори: Верувај во себе, замолчи ги критичарите!

пред 3 години

Англискиот селектор Герет Саутгејт вели дека медиумите претерале со известувањата дека асот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд нема да биде вклучен во неговиот 26-член состав за Европското првенство ова лето.

Иако вчера сите англиски медиуми беа едногласни дека 22-годишниот Александер-Арнолд ќе го загуби своето место, Саутгејт вели дека тие написи го налутиле.

„Зборував со Трент уште пред три недели, а потоа прочитав многу чудни наслови во медиумите, кои не знам од каде дојдоа. Тие беа многу далеку од вистината. Морам да ги заштитам моите играчи и му кажав на Трент дека се работи за обични глупости“, вели Саутгејт.

Александер-Арнолд ќе биде на позицијата на десен бек заедно со Киеран Трипиер, Рис Џејмс и Кајл Вокер. Самиот фудбалер се јави на Твитер со интересна порака.

„Секогаш верувај во себе. Замолчи ги критичарите“, напиша фудбалерот на Ливерпул.

Share
Scroll to Top