Од денеска без маски на отворено

пред 3 години

Од денеска маските не се задолжителни на отворено. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси-превоз и во сите затворени простори.

Владата синоќа ги прифати измените и дополнувањата на рестриктивните мерки во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести.

Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено, и тоа до 30 % од вкупниот капацитет на посетители.
Се укинува забраната за групирање на јавен простор.
Се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 % од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса.
Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата.
Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина и продолжува да важи забраната за движење од 24 до 4 часот до 15.6.2021 година.

На синоќешната седница Владата го донесе протоколот за организирање свадби/прослави и веселби.

Владата го прифати барањето на Одбојкарската федерација на Македонија претстојниот финален турнир од Европската сребрена лига за мажи, кој на 5 и 6 јуни ќе се одржи во спортската сала „Парк“ во Струмица и на кој ќе учествуваат националните селекции на Северна Македонија, Данска, Хрватска и на Унгарија, да се организира со присуство на публика со исполнет капацитет не повеќе од 30 % и со дистанца од 1,5 метар меѓу секој гледач, информираат од таму.

Продолжен е рокот за постоење кризна состојба на територијата на целата држава до 31 декември 2021 година.

Share
Scroll to Top