Во сон почина младиот ракометар Марко Божиновски

Во сон почина младиот ракометар Марко Божиновски

пред 4 години

Нова трагедија ја потресе спортската јавност, откако на 20-годишна возраст почина ракометарот на Бутел Скопје, Марко Божиновски.

Според првичните информации, на Божиновски му откажало срцето.

Кариерата ја почна во Металург, а во Бутел Скопје почна да игра пред две сезони. Зад името на Божиновски стоеаја настапи во кадетската репрезентација.

Пред неполна недела на 24 години почина голманот на РК Охрид, Никола Даниловски-Џамбо.

Share
Scroll to Top