(Видео) Кина го доби првиот семафор за камили

(Видео) Кина го доби првиот семафор за камили

пред 3 години

Во Кина е поставен првиот семафор за камили, кој е прв од ваков вид во светот. Семафорот се наоѓа во градот Дунхуанг, кој се наоѓа во регион кој со години привлекува многу туристи поради можноста за јавање камила.

Како што се зголеми бројот на туристи и камили властите смислија начин да се реши проблемот со толпите што се појавија поради зголемувањето на турите со јавање камили.

Покрај решавањето на потенцијалните гужви, на овој начин, властите успеаја да привлечат повеќе туристи од целиот свет, оти некои рекле дека доаѓаат само за да го видат и да се фотографираат покрај првиот семафор за камили.

Share
Scroll to Top