Јунајтед подготвени да дадат 70 милиони евра за Варан

Јунајтед подготвени да дадат 70 милиони евра за Варан

пред 3 години

Рафаел Варан е блиску до трансфер вреден 70 милиони евра во Манчестер јунајтед ова лето, тврди шпанскиот „АБЦ“, објаснувајќи дека францускиот дефанзивец не планира да го продолжи договорот со „кралскиот“ клуб.

Во Реал уште се надевале дека ќе го убедат францускиот репрезентативец да го продолжи договорот кој му завршува во 2022 година, но од Шпанија доаѓаат вести дека тој е подготвен за нов предизвик.

„Ѓаволите“ наводно му понудиле богат петгодишен договор, во обид да ја зацврстат одбраната каде што тој би бил партнер со капитенот Хери Мегваер, кој се покажа како клучен фудбалер за тимот на Оле Гунар Солскјер.

Share
Scroll to Top