Три клуба се заинтерсирани за Миралем Пјаниќ

Три клуба се заинтерсирани за Миралем Пјаниќ

пред 3 години

Миралем Пјаниќ ја напушта Барселона. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, не успеа да се наметне кај тренерот Роналд Куман. Тој одигра само 1.270 минути, а од февруари до крајот на сезоната настапи само во последното коло против Еибар.

Пјаниќ не може и не сака да ја трпи тортурата од тренерот, кој како што тврди фудбалерот ниту еднаш не му кажал зошто не е во тимот. На последниот состанок со фудбалерите, Пјаниќ побарал разговор во „четири очи“, на што Куман му одоговирл дека нема време.

„Спорт 10“, во петокот, објави дека три клуба покажале сериозен интерс за Пјаниќ. Планот на заинтересираните бил наредната сезона Пјаниќ да го донесат на позајмица, а дури потоа да го откупат неговиот договор.

Според овој извор, Јувентус, Челси и ПСЖ внимателно ја следеле ситуација.

Наводно, желбата на Пјаниќ била да се врати во својот поранешен клуб Јувентус, на чија клупа во новата сезона ќе седи Масимилијано Алегри.

Барселона внимателно ќе ги разгледа понудите, но прашање е дали ќе прифати позајмица со право на откуп.

Share
Scroll to Top