Барди доби негативен тест, ќе игра на ЕП

Барди доби негативен тест, ќе игра на ЕП

пред 3 години

Фудбалската репрезентација на Македонија во комплетен состав ќе настапи на Европското првенство. Денес, на соиграчите ќе им се приклучи и фудбалерот на Леванте, Енис Барди.

Барди, кој меѓу првите и се приклучи на репрезентацијата, по доаѓањето во Скопје напраби задолжителен ПЦР тест, кој покажа дека е позитивен на коронавирусот.

Играчот од редот на врска, до денес се наоѓаше во изолација во хотелот „Хилтон“.

Денес тој добил негативен тест, што значи дека може да им се приклучи на соиграчите.

Барди ги пропушти сите досегашни тренинзи и двете контролни средби што ги одигра Македонија, против Словенија (1:1) и Казахстан (4:0).

Македонската репрезентација, во Скопје, ќе се подготвува до понеделник, а на 8.јуни ќе отпатува во Букурешт.

Првите две средби, на ЕУРО 2020, Макеоднија ќе ги одигра во романската престолнина на 13.јуни (Австрија) и 17.јуни (Украина). Во последниот меч од Ц-групата, на 21.јуни, Македонија ќе гостува во Амстердам кај Холандија.

Share
Scroll to Top